Транзициска државичка под sвездите

Не сум многу возрасен, но многу добро се сеќавам на 8-ми септември 1991год.
Бев прво одделение, а пред да појдам во училиште ги знаев сите букви. Помалку и можев да читам кога вечерта на 8-ми, штотуку вселени во новата ни куќа гледавме вести на црно-белиот ни телевизор, и на само едната телевизија, во тоа време, имаше директен пренос. Бидејќи не знаев што се случува почнав да го „давам“ дедо ми со прашања, кој не трудејки се ништо да ми објасни, кратко рече дека нема време да ми објаснува вака важни работи. Набрзо потоа излезе, а баба ми седеше и додека гледаше правеше некои чудни гримаси, кои само уште повеќе ме збунуваа. Јас сфатив дека народот собран таму нешто слави, а таа додаде дека веројатно многу работи ќе се сменат. Исто така се сеќавам и дека песната што ја слушавме беше многу убава (Оган под sвездите), и забележав дека на баба ми додека ја гледаше и се насолзија очите. Таа иста песна потоа ми се вртеше во глава уште 2-3 дена… Дури и неуспешно се обидов да го пеам рефренот на сукалото на мајка ми, кое ми претставуваше микрофон. Неколку дена подоцна моите колку – толку ми објаснија што била работата таа осмо-септемвриска ноќ, а јас недоволно разбирајќи го тоа, цела недела потоа ја гњавев учителката ми (мојата омилена). Нејсе, после некое време се откажав, но едно знаев во тоа време, дека сега ние си имаме Република Македонија. Нашата држава е нова и сите треба да ја сакаме.
После неколку години у Македонија стана мошне популарно, да се гледа пренос на седници од Собрание. Сега сфакам дека тоа било така тогаш баш поради тоа што од 91 до 93 ја имавме само МТВ. И нели ние како крајно сериозна фамилија, дремевме пред телвизор. И така, годините поминува, времето врвеше и полека но сигурно почнав да сфаќам каде живеам. Кои сме и што сме. Зошто МЕМОРИЈА пееше „Оган под sвездите“ зошто Киро, Кљусев, Љубчо, Циле, Андреј, Ѓорѓи, Блаже и ред други пиеа шампањ на плоштад таа осмо-септемвриска ноќ.
Годни подоцна, кога фабриката на мајка ми стана загубар повторно сфатив во каква држава живеам. Многу ми беше чудно и кога прв пат се запишав на факултет, а требаше да платам само у тоа време 200 евра за студии, бидејќи државата ми доплаќала.
Во каква држава живеам сфатив и кога бев во визното одделение на сега веќе поранешната зграда на Американската амбасада во Скопје. Во тој момент дефинитивно се соочуваш со тоа каде живееш,а каде сакаш да одиш. Горко искуство имав и во уште едно визно одделение,некоја година подоцна, кога требаше и тоа службено да патувам во Цирх, и тогаш сфатив каде сум, и каде живеам.
Следејќи од Њујорк и Вашингтон што се случува овде, Македонија неизмерно ми фалеше. Ми фалеа моите пријатели, ми фалеше да јадам селски леб со кисел квасец, ми недостигаше Охрид во јуни, камповите кои ги правевме со ентузијасти екологисти, и ред други работи. И така пак времето пак проаѓаше, завршивме школи, факултети, курсеви, тренизнзи… ова-она, и пак сфатив во каква држава живеам кога со дипломи од странство, сертификати, пракси, волонтерство, НВОи,неформален стаж и други чуда, требаше да чекам за некој од Македонија да ме вработи. Али ете, не се случи и почнав со странци што и не е така лошо.

Македонија поминуваше низ разни премрежја,се случуваа многу настани… едни се раѓаа, дргу умираа, некои преживуваа, други живееа во благодети и животот воопшто не им беше тежок, трети побегнаа и сакаа да стант бастербајтери, а комшијата Орце од полу-писме недошколован провинцијалец у тоа време купи луксузна кола од над 20.000 евра и се самопрогласи за новопечен бизнисмен.
И пак од поново, поминавме разно-разни кризи, ембарга, грабежи, приватизации, знаевме да кажеме ДА и тогаш кога сите дуги ќе речеа НЕ. Поминавме низ војна, и изгубивме (упс, воен конфликт), се менуваа влади,состави, ротираа центри на моќ (еј, ова звучи популарно),ЈСП возеше сеуште со автобуси постари од најстариот министер у Влада,Дојран почна да се полни (замисли да измислиш извор у 21век), скопјани како никад до тогаш почнаа пак да идат у Грцина на одмор ( изгубено се мора надокнадити)… мене почна да ми паѓа косата, да размислувам што ќе праам после 30-та, каде иде државава, каде не водат, кој им даде да го праат тоа. What the hell is going on here?!
И, навистина, што тоа по ѓаволите се случува во оваа држава овие 20 години?
Секој ден се повеќе се прашувам дали во овие 20 годни можевме сите ние, а пред се оние кои беа платени за тоа можеа(вме) да направиме подобро за државата во која живееме, подобро за сите нас?!
Следствено, одговорот секако е ДА. Но, зошто не го сторивме тоа? Зошто не го сторија тоа? Што сме сега, а што можевме да бидеме?
Македонија, земјата на Сонцето, земјата на виното, на убавите жени… земјата каде древните убавни, историја, „антика“, уметност се испреплетени во едно, не е на патот на кој што требаше да биде. Македонија заслужуваше многу повеќе. После 20 години се прашувам дали знаеме каде одиме? Какви вредности изградивме, каква традиција се создаде? Како ги воспитуваме идните генерации? Изградивме ли систем? Многумина ќе речат дека за тоа е рано, но зарем е рано за дваесет години од самостојност да немаш здрав темел на кој ќе основаш ќуќа, а велиш дека си стасал до вториот кат?
Помалку или повеќе сите оние кој ја водеа Македониај во овие 20 години, не направија ништо суштествено битно за оваа држава да не биде онаму каде е денес. Не сакаа, не знаеа, дали не ги биваше? Дали знаеа но несакаат не знам, но знам дека иднината на нас, а особено на оние кои допрва доаѓаат е се понеизвесна.
Јас не сум оптимист, јас сум реалист,а моите скромни познавања и уште поскромно искуство ми говори дека огнот кој некој се обиде да го распламти пред 20 години, не гори со истиот жар, неговата сила е анемична,искрите се губат…
Дали одиме во погрешен правец и каде всушност ова општество, овој народ оди?
Градат/градиме држава која после 20 годни од независност не знае во која насока се движи и кои и се приоритетите. Живееме во општество кое има проблем да утврди приоритет, да се изгради национален став кој нема да биде разумен компромис.
Сите оние кои беа одговорни да ја напраат Макдонија подобро место за живеење потфрлија. Потфрл(вме)ја и оние кои тоа им го овозможи(вме)ја.
Од дваесет години транзиција едно е јасно, дека ќе ни требаат уште половна од дваесет за ова да биде и стане држава каква што сите ние реално сакаме да биде.
По две децении, треба некој повторно да го распламти огнот што почна да гори во 1991.Тој оган денес само тлее, а чаддта од истиот сите нас ни ги пече очите. Очи кои солзат неможат да ги видат sвездите, sвездите над Македонија, онаа која сите ние ја сакаме.

Advertisements

Ретроспектива – како почнав со протести против полициска бруталност

Почитувани,
Револтиран од сите оние кои сакаат да ни наметнат дека работиме под закрилата на одредена политичка провиниенција, дека сме партиски послушници и дека повеќе не знаеме што бараме, јавно ги повикуам да не не’ ставаат во служба на нивните партиски машинерии; да престанат да ни лепат етикети; да запрат со квалификациите дека сме во служба на едни или други невладини организации…
Јас како учесник на протестите се оградувам од сите нив. Сите оние кои изминатите 9 дена ги гледате на улиците се дојдени по сопствена воља и убедување. Ние не сме претставници на политички партии, ниту делуваме и протестираме по налог на граѓански организации блиски до политички партии.
Ние бараме сеопшта подршка на ова отворено граѓанско движење и нема да дозволиме да бидеме ставени под капата на која и да е партиска машинерија или на спинувачите на јавното мислење.

Живеејќки во оваа држава ние сме свесни дека не можеме да останеме имуни на политичките прозивки и етикетирања,на преголемата исполитизираност и поделба. Но, исто така знаеме дека она коешто не’ здружи се не правдата, не функционирањето на системот, не превземањето одговорност… И ние сме дел од ова општество и систем и кога заеднички воочуваме дека нешто не чини имаме право, демократски и принципиелно да го искажеме нашиот став, зад кој цврсто стоиме. Нашиот став на сите вам ви е добро познат, тој став веќе 9 дена го манифестираме на улиците низ Скопје и Македонија. Го манифестираме пред институциите на системот.

На училиште и на факултет научивме што е демократија и граѓанско образование и како тие се практицираат. Ова е обид тоа знаење да го реализираме во живо. На дело!

На улиците сме ние, вашите деца и јавно и отворено ви укажуваме дека ваквиот однос кон нас не чини. Ние го воочивме проблемот и излеговме на мирни протести. Достоинствено протестираме и бараме одговори кои нам ни ги должат Државата, и инстиитуциите.
Зошто постојано се оглушувате и упатувате прашања од типот „Кои се тие“?
– Зарем не не препознавате?! Да, ние сме тие, загрижените граѓани, мадите од оваа држава, вашите деца!
Убиено е младо и невино момче од нашето соседство. Тоа ја прели чашата! Системот кон кој вие толку се повикувате не функционира! Зарем треба да молчиме?!

Уште еднаш, Ние НЕ сме пратиски инструирани и исполитизирани. Ви се обраќаат вашите сограѓани и вашите деца.

За доброто на сите, наместо да изнесувате невистини и конструкции, повелете придружете ни се. Ние протестираме мирно. Доста беше молк!

Бараме правда! Бараме одговори! Бараме одговорност!

Скопје, 11 јуни 2011 г.

За блогот

После незнам колку неуспешни покушаји решив да напраам блог на Македонски и тоа со ново име. Разлогот лежи у тоа што поише луѓе ми рекоа дека демек боље ќе ме контале што сакам да кажам ако пишуем на преку ваков медиум. Не дека не ме контаа и претходно, али ете нека им биде.

Не дека не можев и поинаку, али ајде нека биде вака 🙂

Бедејки оној Њујоршкиот одамна го деактивирав, чат-пат може у ретро стил ќе објавам нешто и за „она време од Њујорк, Вашингтон, и Америката“ а до тогаш, писанија, по некоја колумна и ознани за сегашната преокупација – Скопје, протестите овдешниот ни живот.