ЈАВЕН ПРОГЛАС – ОБРАЧ ОКОЛУ ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Дами и господа, другари и другарки, браќа и сестри, блиски и далечни, граѓани на Македонија.

Како движење против полициска бруталност, револтирани сме од исходот на истрагата и изготвениот обвинителен акт против специјалецот Игор Спасов, теретен за убиство на младиот Мартин Нешкоски.
Обивинителниот акт, со чија содржина сме запознани, сметаме дека не соодветствува со тежината на кривичното дело кое специјалецот го извршил! Протестираме и за начинот со кој не се бара проширување на истрагата и повикување на командна одговорност! Протестираме зошто истражниот судија не ги повикал и сослушал сите сведоци кои сами се пријавиле во полиција и посакале да сведочат. Протестираме зошто обвинителот не ја проширил истрагата и бараме одговори зошто освен Спасов останатите соучесници се прикриени. Зошто обвинителството не побарало од надлежните органи и МВР да ги прегледа видео снимките од поставените камери на скопскиот плоштад, таа вечер.
Ние сме револтирани од целокупниот тек на истрагата, револтирани и гневни кога гледаме дека и во оваа фаза, правдата е селективна и се настојува да се релативизира целиот случај! Ова е уште еден пример во низата недоследности кои го карактеризираат овој случај од самиот почеток, се` со цел да се заштитат одредени учесници и побрзо да се заташка истиот, во кој единствениот посочен виновник игра улога на жртвено јагне.

Гневни, револтирани и со апел за не селективна правда и изнесување на останати детали, утре (петок,7 октомври)во 13:30 часот пред Основното јавно обвинителство во ќе оддржиме прес конференција, а веднаш потоа како резилтат на отпор ќе ја обиколиме зградата на Јавното Обвинителство и направиме обрач околу истата.

Ве покануваме на Прес конференцијата на движењето и проследување на акцијата „Обрач околу Обвинителството – Окупирај го обвинителството“ и информирање на целокупната јавност.
Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и донесат сопствени реквизите со кои би го изразиле сопствениот револт!

Со почит,
Движење против полициската бруталност
info@protestira.me;
stoppolicebtutalitymk@gmail.com

Advertisements

Дали главниот град на Македонија се претвори во забавен парк?

CNN репортажа:

Дали главниот град на Македонија се претвори во забавен парк?

Кога минатиот месец, Македонија ја одбележуваше својата 20 годинишна независнот, од поранешна Југолсавија, тоа го направи во главниот град, кој пак е радакално трансформиран во изминатите 2 години.
Скоро дваесет згради и проблжно толку споменици, статуи и фонтати се градат низ центарот на Скопје. Овие трансформации се прават како дел од проектот наречен Скопје 2014, кој како што се вели, се прави со цел обнова на градот поради земјотресот од 1963, кога градот изгубил многу од познатите градби.
Централна точка на прославата која се случи на 8-септември беше 22-метарскиот споменик, именувам како воин на коњ, кој директно личи на Александар Македонски, иако официјално не се именува така, поради долгогодишниот спор за името, кој државата го има со соседот Грција, за кои пак стариот крал е национален херој.
-Дури и во оваа глобална економска криза ние градиме, вели Зоран Николовски, раководител на секторот Туризам во Македонија. „Исто така постои и новиот музеј на Македонска борба, кој беше отворен на Денот на независноста, триумфалната порта, ново зграда на Министерство за надворешни работи, нов Уставен суд, нов национален театар и нов археолошки музеј, се дел градбите покрај останатите објекти“.
Профил на земјата: Македонија
Официјлната цена на проектот е 80 милиони евра, иако добро упатените и критичарите тврдат дека целиот проект ќе достигне сума до 500 милиони евра, како што пренсува електорнскиот весник “Балканинсајд“. Проектот Скопје 2014 ги подели Македонците, тие велат дека земја со процент на невработеност од над 30 проценти, според податоци на U.N. не треба да троши толку многу пари на изградба на ваков проект.
Горан Атанасовски, кој е сопственик на независниот веб портал за туризам traven2macedonia.com вели: – Овој проект го разделува луѓето, како река што дели два брега. Некои од нив се за тоа, додека други не се. “Контроверзноста на проектот е главно дека Македонија спаѓа во групата на земји со високо ниво на невработеност.”
Сепак, Зоран Николовски, раководител на владиниот сектор за туризам, вели: “Скопје веќе има сосема нов изглед од тоа го имаше пред две години, и до 2014 година ќе има уште повеќе нови објекти. Дури и во оваа глобална економска криза што е ние градиме, и не само згради и атракции, но и нова инфраструктура и сместувачките капацитети, како и сосема нови аеродроми, патишта и хотели. – “На прв почетокот имаше недоразбирање помеѓу луѓето, но сега се виде дека тоа е навистина убаво за луѓето кои живеат во Скопје, како и за патниците кои доаѓаат.
Едн македонец кој побара да остане анонимен изјави: “Се обидувам да го избегнам центарот на градот, кој сега се претвори во забавен парк. Каде и да се завртите има нови бронзени статуи и скулптури. Тоа е како тие да се обидуваат да се создадат нов национален идентитет.
Не можам да замислам ниту еден друг град кој прави изградба на триумфална порта во 21 век.
Една жителката на Скопје, пак, вели.
“Јас мислам дека во 21 век треба да биде градење на нешто модерно, урбана и современо. Неможам да замислам друг град каде се гради триумфална порта во 21-от век.
Атансовски од друга страна пак вели: “Без разлика дали тоа се должи на Скопје 2014 или не, ова е прва сезона што сум навистина видел маса групи на странски туристи со туристички водичи во центарот на градот и старата чаршија.
“Ова е прва година кога Скопје доби повеќе туристи од Охрид, водечка туристичка дестинација воМакедонија.”
Официјални владини статистички податоци покажуваат постојан пораст на странските туристи што доаѓаат во Македонија од 99.000 во 2001 година за речиси 262.000 минатата година. Додека мнозинството се од соседните земји, има пораст во последните години на туристи од подалеку, вклучувајќи ги Австрија, Германија, Русија, Полска, Италија и Турција.
Николвски пак вели: „Ние имаме недостаток на можности за промовирање на масовен туризам, бидејќи немаме крајбрежје, но од друга страна пак имаме прекрасни езера и планини и интересна култура и историја. Владата неодамна воведе политики за зголемување на туризмот, вклучувајќи намалување на данокот на промет на хотеБез оглед на парите потрошени за големата проекти и инфраструктура, национална гордост доби поттик од една четвртина дека ниту еден политичар не може план. 20-годишниот јубилеј на Македонија се совпадна со Националниот кошаркарски тим неочекувано постигнување на полу-финалето на Европското првенство.
ли и угостителство од 18% на 5% и субвенции за да се привлечат туристи од одредени држави.
Без оглед на парите потрошени за големите проекти и инфраструктура, 20-годишниот јубилеј на Македонија се совпадна со големиот успех на Националниот кошаркарски тим, кој сосема неочекувано се најде на полу-финалето на европското кошаркарско првенство. Тој успех направи сите луѓе во Македонија на момент да заборават на нивните проблеми. Тие ги заменија нивните нивните економски проблеми со насмевки и среќа, беа горди и среќни. -Знамињата беа насекаде, на автомобили, на прозори, луѓето се радуваа, вели Атанасовски.

By Catriona Davies, CNN

Целта на преводот е да ги информира помалку упатените и не едуцирани, како всушност Скопје е виден во очите на CNN, наспроти денешиот спин на Шител, и јадниот им обид да направат сиво од нешто што е црно.