Сон

Има денови кога заспиваме на иста, а се будиме на различна страна на креветот. Има денови кога во стаклената топка воопшто не паѓа снег. Има денови кога најрадо би молчеле, но молкот секогаш го прекинуваме со „чекај да ти го кажам уште ова“. Има почетоци што се почнуваат само за тебе. Има ноќи во кои се седи буден само за тебе. Има плоштади на кои гулаби летаат само за тебе. Има градови во кои се доселува само за тебе. Има некој што и ова го пишува само за тебе. Додека ги вперуваме погледите еден кон друг, целата земја се претвора во бојно поле на кое ние две спротивставени страни се натпреваруваме кој прв ќе ја испука првата воздишка.
Но сепак, тоа е се!
Без оглед на интензитетот на смрдеата на вашите чорапи, цената и марката на вашета кола или саат, должината на речникот, каде се шишате и каков бренд на гаки носите … Некако, сите сте ми исти. Тажно е тоа што најголемата моја љубов излезе пропалитет од мали нозе. Тажно е и тоа што сите останати си се забарикадираа во некои глупи калапи и шеми, неинтересно формирани форми на формалното играње живот, та не ми оставија никаков избор да ги сметам ниту за малку симпатични нивните битија. Некако не ми ни доаѓа да се извинам на било кого за моето наводно однесување. Па не сум јас крив што сте или досадни, или ви е здосадено да сте интересни, или мозокот ви функционира како расипан шпорет! Што имам јас со тоа, побогу? Сешто и ништо. Сакам вилењак со црвена коса. Или марсовец. Нешто. Симба… Да си има, но нема… Отидов на Хаваи.
Отидов на Бора-Бора, а пред да тргнам!

Advertisements

Кога лисјата паѓаат

Навидум премногу случувања имаше есента која полека изминува, но едно од малкуте по кои ќе ја паметам барем оваа есен се случи денес. Не сум човек кој верува дека „случајните работи-случајно се случуваат“ барем не во таа мера. Денес, сепак, нешто сосема случајно ме натера да го начкрабам ова писание, и за момет да подразмислам околу тоа.
Изминатите месеци во Скопје се случија забележителн број на настани, а времето најчесто беше сончево, дожд скоро и да немаше. Имавме сонце кое скоро катадневно се трудеше да им ги осветли умот и срцето на многумината кои беа мрачни и со пакости ги правеа своите (не)дела. Но, Сонцето во тоа не успеа.
И, така лисјата почнаа да паѓаат. Природно. Повеќето си врвеа по својот пат, а за воља на вистината, некои им го попречуаа одот на некои други, помалку или повеќе безпричински, но и тоа бидува. Сепак оваа есен барем мене ќе ми остане врежана во меморијата по три работи.
Како никогаш до сега, барем помеѓу луѓето кои ме опкуржуваат забележав дека недостасува љубов. Знам, љубовта има многу димензии, таа е неисцрпна тема, а чинам дека секој оној кој се обидел подетално да ја објасни или дефинира, можеби, не успеал или згрешил – сеедно. Сепак, горко е чуството кога гледате дека скоро во се што се случува освен што недостасува “рациото“ недостасуваа и љубовта. Кое е последното нешто во нашиот град кое се има случено, а е сублимат на повеќе елементи вклучувајќи ја и љубовта? Извинете, но барем во призмата на моите вредносни судови и перцепција тоа е незабележливо. Недостасува.
Мојот град станува се повеќе затворен. Оваа есен ги има скоро истите бои како и минатата, но таа Скопје годинава го обои во поинакви нијанси. Новиот печат кој градот полека но сигурно го доби, ги промени боите на нашето живеење за навек, по лошо. Нажалост без љубов.

Не знам кога во Македонија, барем во последно време, толку многу се пишуваше и потпишуваше. Впрочем, потписот меѓу другото има лична димензија и одразува кој сте и што сте. Во Македонија оваа есен потпишувањето е тренд. Се прашувам, дали сите оние кои се потпишуваат со мастилото ја испишуваат и сопствената личност, нивната индивидуалност, она што се? А, кои се тие и што докаживаат дека се? Кому?Дали потписот ја има онаа висинска тежина како и „оловото“ со кое ги испишуваат сопствените имиња. Има ли барем мала доза на некаква љубов во сите тие писанија кои иљадниците годри македонци, ги начкрабаа и пратија до белосветските адреси на некои „важни“ луѓе. Имам чуство дека повеќето, никогаш во животот немаат пратено било какво писмо. Лепењето поштенска марка за нив е надреализам, а писмата и понатаму ги ставаат во плико наместо коверт. Се лажам себе си, но едниствената утеха се трудам да ја пронајдам во помислата дека можеби конечно научија барем правилно да ги адресираат писмата, а во целата „операција“ едниствениот ќар ја има барем македонската пошта.

Второто годишно време, кое најмногу го сакам после пролетта е есента – заради боите. Деновиве се обидов малку да прошетам низ планините на западна Македонија, и после долго време повторно да ги доживеам минималистичките нијанси на природата. Имав потреба да го почуствивам сублиматот од колорити на есента, дивината… и есенското сонце со заби. Такво сонце со слични бои сосема неочекувано доживеав денес во нашето Скопје.
Денот кој веќе одмина, за мене беше ден на љубовта. Знам дека многумина нема да се согласат со моето поимање на зборот толеранција, и сите контексти кои таа ги има, но некако нераскинливо јас толеранцијата ја поврзувам со љубовта. Како некој може да толерира и прифаќа различности ако не знае да сака?
Во моментот кога денешното сонце најсилно го грееше Скопје, а разнобојните лисја во градскиот парк блескаа небаре бесценети камења, сосема случајно забележав несекојдневна љубов. Она што ме изненади не беше младиот пар кој го забележав во далечината, туку фактот што нивната љубов, во таква димензија ја изразуваат овде, во нашето Скопје. Преголема е стигматизацијата за да поверувам дека Скопјани ќе успеат да ја прифатат нивната љубов, и покрај тоа што треба, и покрај тоа што не треба да ги засега, но знаејќи каде живеам знам дека сите ние таа љубов и тој пар ќе го гледаме со други очи, но ќе прифатиме една друга љубов, која имам чуство дека штотуку се раѓа.
Одејќи кон дома, непосредно пред моето маало забележав клупа која порано не беше таму. Наоколу имаше многу дрвја и клупата беше покриена од стотици паднати лисја. Повеќето имаа боја како „златен делишес“, а оние поодамна паднатите веќе призведуваа звуци кои се симфонија на природата. Симфонија која како и се насушно ви го дала природата, а диригент е вашиот чевел. Човек добива желба подолго да ужува во таквиот момент, и затоа седнав на клупата сиот во занес. Не сеќавам кога, но по некое време забележав како на другиот крај од истата долга клупа, прегрнати еден до друг, чиниш еден во друг седи млад заљубен пар. Немаа повеќе од шеснаесет години и изледаа прекрасно. Сонцето сјаеше во нивните густи коси, а од тивкиот ветар непрестајно паѓаа разнобојни лисја, галејќи ги по косите, кои малдите воопшто не ги забележуваа додека страсно се бакнуваа и уживаа во нивната средношколска љубов. Веднаш откако почуствував дека умот и сите сетила целосно ми функционираат станав и заминав. Не сакав да пречам иако не ме забележувааа. Ги оставив целосно да уживаат во есенската идила, и моментот кој би бил среќен ако се почесто го доживуваат. Тогаш почуствував дека се поретко забележуваме љубов околу нас. Тогаш почуствував дека оваа есен и покрај сите тешкотии, и покрај сите останати нешта ќе ме потсеќа на нив. Затоа оваа „белешка“ токму онаква каква што е им ја посветувам на нив.

За клупата, за нештата без љубов, писмата без марки…. за Скопје кое никогаш повеќе нема да биде она што беше, за новородената среношколска љубов и лисјата кои паѓаат, по кои ќе ја паметам оваа есен. За нив!

Одговор на „одговорот“ до Јанкулоска

Од како го прочитав „Одговорот“ на поканата за учество на дебатата постојано ми се наметнува прашањето: Има ли граници ароганцијата и дрскоста на министрката Јанкуловска? Таа би сакала нашата покана да ја сфати како „оградување од досегашните протести, невистинитите обвинувања, навреди и клевети…“ Но, дури и така сфатена, нашата покана не ги задоволува нејзините критериуми, па си дозволува да не поучи дека „вистинското оградување би требало да биде во најмала рака во форма на извинување и благодарност до сите „тигри“ и „алфи“ кои се жртвуваа во „Планинска бура“ и слични акции.
Јанкулоска, сосема го игнорира образложението за целта за организирање на дебатата. За неа нема потрба од дебатирање за негативните појави, бидејки во нејзината перцепција такви не постојат. Во незината перцепција постои „демократски изразена волја на граѓаните кои по шести пат својата подршка ја даваат за опцијата за која сметаат дека им нуди подобра иднина“. Во нејзиното резонирање не постојат негативни случувања. Секоја иницијатива што има цел да укаже на такви појави е насочена против „легитимно изразената волја на граѓаните“, секој иницијатор е во служба на Бранко Црвенковски, а секој интелектуалец што ќе се дрзне да учествува во дебатата ќе биде ставен во наводници…
Во перцепцијата на министерката, невладините организации треба да организираат манифестации преку кои ќе ги величат заслугите и успесите на владата, или ќе организираат протести против опозицијата за одбрана на „демократски изразената волја на граѓаните“.
Не, госпоѓо министерке! Ние не се оградуваме од досегашните протести. Нашите протести имаа конкретен повод. Можеби за време на протестите имало и навреди кон „тигрите“ и „алфите“, но игнорантскиот однос и вашата индолентност кон нашите настојувања за поголемо почитување на човековите права и за начинот на изразување на револтот кај младите, потврдува дека вие сте таа што треба да им се извинете, зашто токму со таквиот однос допринесувате да бидат поистоветувани со „џелати“ и „убијци“.
Кога веќе министерката инсистира на извинување, единствено можеме да се извиниме што во поканата и определивме улога на клучен говорник. Од „одговорот“ се гледа дека тешко ќе можеше да се справи со таквата улога.
Сепак, со големо жалење можеме да констатираме дека Јанкулоска повеќе претпочита да гледа филмови, од колку да присуствува на дебати. Очигледно ние не сме во нејзиниот филм.
Но, сите оние кои протестираат нема да заборават, и овие прашања ќе ги поставуваме и понатаму, и ќе ги потсетуваме постојано институциите кои, сега и во иднина, се, и ќе бидат задолжени да ги решаваат ваквите случаи.
На крајот, кога веќе не пропуштате можност секогаш да не прилепите до Б.Ц. и неговата партија, јавно ве прашуваме: Чуму таквите прашања и квалификации министерке? Зарем мислите дека вие и тој сте поразлични во нешто, со сето она што и го правевте и правите на оваа држава? Затоа ве молиме, во иднина, таквите прашања поставувајте му ги на Б.Ц. лично, бидејки очигледно кога толку често го споменувате вие имате почеста меѓусебна комуникација со него одошто било кога нашето движење.

Искрено, Кирил Ефремовски
Движење „Стоп на полициската бруталност“

Одоворот од министерката Јанкулоска на поканата за учество на јавна дебата

Министерство за внатрешни работи
Предмет: Одговор

Почитувани,

Вашиот допис би сакале да го сфатиме како оградување од досегашните протести и невистинитите обвинувања, навреди и клевети, бидејќи се сомневаме дека некој би сакал да седи на иста маса со „убијци“ или „џелати“. Сепак вистинското оградување од омаловажувањата и неоснованите квалификации би требало да биде во најмала рака во форма на јавно извинување и благодарност до сите „тигри“ или „алфи“ кои се жртвуваа во „Планинска бура“, кој беа убиени кај ПМФ и кои учествуваа во безброј акции за заштита на нашата безбедност.

Министерството за внатреешни работи, го виде јавниот повик на Бранко Црвенковски за мобилизирање на сите невладини организации и „независни“ интелектуалци против демократски изразената воља на граѓаните кои по шести пат на избори својата поддршка ја даваат за опцијата која сметаат дека им нуди подобра иднина. Свесни сме дека безидејноста и катастрофалните резултати зад себе, може да доведат до уште поголем очај, но тоа нам не ни дава право да бидеме дел од ничии сценарија.

Министерството за внатрешни работи ќе остане отворено и ќе продолжи да работи во служба на граѓаните. Во рамки на определбата за транспарентност и отчетност во работењето, како што знаете, за прв пат организиравме отворен ден на кој сите граѓани можеа да се информираат и да ги изнесат своите сугестии и мислења околу полициското работење. Ви благодариме за вашиот интерес во врска со проектот „Отворен ден“ и сите ваши сугестии и мислења сериозно ќе бидат разгледани.