Кога лисјата паѓаат

Навидум премногу случувања имаше есента која полека изминува, но едно од малкуте по кои ќе ја паметам барем оваа есен се случи денес. Не сум човек кој верува дека „случајните работи-случајно се случуваат“ барем не во таа мера. Денес, сепак, нешто сосема случајно ме натера да го начкрабам ова писание, и за момет да подразмислам околу тоа.
Изминатите месеци во Скопје се случија забележителн број на настани, а времето најчесто беше сончево, дожд скоро и да немаше. Имавме сонце кое скоро катадневно се трудеше да им ги осветли умот и срцето на многумината кои беа мрачни и со пакости ги правеа своите (не)дела. Но, Сонцето во тоа не успеа.
И, така лисјата почнаа да паѓаат. Природно. Повеќето си врвеа по својот пат, а за воља на вистината, некои им го попречуаа одот на некои други, помалку или повеќе безпричински, но и тоа бидува. Сепак оваа есен барем мене ќе ми остане врежана во меморијата по три работи.
Како никогаш до сега, барем помеѓу луѓето кои ме опкуржуваат забележав дека недостасува љубов. Знам, љубовта има многу димензии, таа е неисцрпна тема, а чинам дека секој оној кој се обидел подетално да ја објасни или дефинира, можеби, не успеал или згрешил – сеедно. Сепак, горко е чуството кога гледате дека скоро во се што се случува освен што недостасува “рациото“ недостасуваа и љубовта. Кое е последното нешто во нашиот град кое се има случено, а е сублимат на повеќе елементи вклучувајќи ја и љубовта? Извинете, но барем во призмата на моите вредносни судови и перцепција тоа е незабележливо. Недостасува.
Мојот град станува се повеќе затворен. Оваа есен ги има скоро истите бои како и минатата, но таа Скопје годинава го обои во поинакви нијанси. Новиот печат кој градот полека но сигурно го доби, ги промени боите на нашето живеење за навек, по лошо. Нажалост без љубов.

Не знам кога во Македонија, барем во последно време, толку многу се пишуваше и потпишуваше. Впрочем, потписот меѓу другото има лична димензија и одразува кој сте и што сте. Во Македонија оваа есен потпишувањето е тренд. Се прашувам, дали сите оние кои се потпишуваат со мастилото ја испишуваат и сопствената личност, нивната индивидуалност, она што се? А, кои се тие и што докаживаат дека се? Кому?Дали потписот ја има онаа висинска тежина како и „оловото“ со кое ги испишуваат сопствените имиња. Има ли барем мала доза на некаква љубов во сите тие писанија кои иљадниците годри македонци, ги начкрабаа и пратија до белосветските адреси на некои „важни“ луѓе. Имам чуство дека повеќето, никогаш во животот немаат пратено било какво писмо. Лепењето поштенска марка за нив е надреализам, а писмата и понатаму ги ставаат во плико наместо коверт. Се лажам себе си, но едниствената утеха се трудам да ја пронајдам во помислата дека можеби конечно научија барем правилно да ги адресираат писмата, а во целата „операција“ едниствениот ќар ја има барем македонската пошта.

Второто годишно време, кое најмногу го сакам после пролетта е есента – заради боите. Деновиве се обидов малку да прошетам низ планините на западна Македонија, и после долго време повторно да ги доживеам минималистичките нијанси на природата. Имав потреба да го почуствивам сублиматот од колорити на есента, дивината… и есенското сонце со заби. Такво сонце со слични бои сосема неочекувано доживеав денес во нашето Скопје.
Денот кој веќе одмина, за мене беше ден на љубовта. Знам дека многумина нема да се согласат со моето поимање на зборот толеранција, и сите контексти кои таа ги има, но некако нераскинливо јас толеранцијата ја поврзувам со љубовта. Како некој може да толерира и прифаќа различности ако не знае да сака?
Во моментот кога денешното сонце најсилно го грееше Скопје, а разнобојните лисја во градскиот парк блескаа небаре бесценети камења, сосема случајно забележав несекојдневна љубов. Она што ме изненади не беше младиот пар кој го забележав во далечината, туку фактот што нивната љубов, во таква димензија ја изразуваат овде, во нашето Скопје. Преголема е стигматизацијата за да поверувам дека Скопјани ќе успеат да ја прифатат нивната љубов, и покрај тоа што треба, и покрај тоа што не треба да ги засега, но знаејќи каде живеам знам дека сите ние таа љубов и тој пар ќе го гледаме со други очи, но ќе прифатиме една друга љубов, која имам чуство дека штотуку се раѓа.
Одејќи кон дома, непосредно пред моето маало забележав клупа која порано не беше таму. Наоколу имаше многу дрвја и клупата беше покриена од стотици паднати лисја. Повеќето имаа боја како „златен делишес“, а оние поодамна паднатите веќе призведуваа звуци кои се симфонија на природата. Симфонија која како и се насушно ви го дала природата, а диригент е вашиот чевел. Човек добива желба подолго да ужува во таквиот момент, и затоа седнав на клупата сиот во занес. Не сеќавам кога, но по некое време забележав како на другиот крај од истата долга клупа, прегрнати еден до друг, чиниш еден во друг седи млад заљубен пар. Немаа повеќе од шеснаесет години и изледаа прекрасно. Сонцето сјаеше во нивните густи коси, а од тивкиот ветар непрестајно паѓаа разнобојни лисја, галејќи ги по косите, кои малдите воопшто не ги забележуваа додека страсно се бакнуваа и уживаа во нивната средношколска љубов. Веднаш откако почуствував дека умот и сите сетила целосно ми функционираат станав и заминав. Не сакав да пречам иако не ме забележувааа. Ги оставив целосно да уживаат во есенската идила, и моментот кој би бил среќен ако се почесто го доживуваат. Тогаш почуствував дека се поретко забележуваме љубов околу нас. Тогаш почуствував дека оваа есен и покрај сите тешкотии, и покрај сите останати нешта ќе ме потсеќа на нив. Затоа оваа „белешка“ токму онаква каква што е им ја посветувам на нив.

За клупата, за нештата без љубов, писмата без марки…. за Скопје кое никогаш повеќе нема да биде она што беше, за новородената среношколска љубов и лисјата кои паѓаат, по кои ќе ја паметам оваа есен. За нив!

Advertisements
Next Post
Leave a comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: