Т-Мобиле Крадци!

Т-МOBILE КРАДЦИ!
Некој да ми кажуваше дека баш јас и тоа на блог би пишувал за ова, злобно ќе му се изнасмеев во фаца! Но, како што велат, никогаш не вели два пати. А, за што вслушност се работи? Епа вака:
Веќе одредено време добивам СМС пораки од број 14722, кои ми нудат игри за мобилен и некакви си ринг тонови. И, прво што помислив како е возможно да добивам такви пораки кога никогаш не сум побарал нешто такво, ниту пак ми паднало на ум, на таква услуга да се претплатам. И, ова ме стави на длабока мисла, па вртев-вртев низ тоа сивите келии, и сфатив дека некаде во ноември, еден депресивен ден, во длабока досада, видов еден светукцав банер на некоја си веб страна, кој нудеше да си ја тестирате интелигенцијата (IQ). И за почеток му изгледаше како некоја плиткоматрична реклама, која е далеку од реалноста, но признавам, не издржав на љубопитството и ја пратив фамозната СМС порака за да дознаам колкав IQ демек имам. Набрзо сконтав дека баш поради тоа IQ ми е -100, но веќе беше доцна. За услугата си платив како што се бараше, и барем за мене се’ се заврши во тој момент.
По некое време, не паметам добро, но сигурно поминаа неколку недели, добив порака за да играм некаква си нагрдана игра, а поракат стаса од 14722. И, природно, ниту одговорив, ниту пак се јавив, а порката остана запишана во мојот iPhone телефон. За време на празниците плаќав On-line сметки, и после долго време, ме заинтригира да проверам каква ми е деталната сметка и каде се сум вртел од мобилниот ми, бидејќи фактурата ми беше троа повисока од обично, а јас се помалку го користам приватниот мобилен број, бидејќи имам службен. И, кога детално проверив низ фамозниот систем за детална сметка, на крадците од t-mobile-мк, ептен се израдував. Замислете, тие со месеци, за сите пораки кои ги добивав од фамозниот клуб, а не ги барав, ниту за таква услуга некогаш сум се претплатил, ми наплаќале по 100 денари, за ПРИМЕНА ПОРАКА?! И, нивниот лоповлук продолжува, кога за сето ова се јавив во нивниот контакт центар, операторот ми рече дека услугата мора да ја стопирам?! – Ало, дечко каква црна услуга, кога никогаш не сум активирал нешто такво? Зарем мислиш дека би се претплатил за да ми праќа некој си таму СМС-и за ринг тонови и слични глупости?“ Арно ама, операторчето не знаеше или не смееше ништо да каже, па вели: “сепак ќе морате да пратите порака за стопирање“. И, ајде го направив и тоа, кога гледам, после некое време на мојата порака STOP KRM, ко што ми кажаа, добивам друга повртана СМС која вели: “Не сте пријавени. За хит играчки испратете КРИ, за забавни содржини испратете КРЗ… итн. Од стопирање нема ниту ‘S’ “.
Му се јавувам пак на операторчето кога тоj уште позбунето, со полу-полна уста велигденски јајца, ми вели: Господине напишете приговор, или во работен ден, јавете се продажен салон на T-Mobile. И, ајде беше втор ден Велгиден, не сакав да се расправм, со кутриот, па решив да се им се јавам на некои од пријателите кои работат таму, за да видам што тие ќе ми кажат. Во меѓувреме пратив приговор до официјалната адреса за таа намена, а истата порака им ја пратив и на сите кои ги знам што работа во дирекцијата на Т-Мобиле. И, додека чекав било каква реакиција, ми текна да се јавам и до АЕК, чунки тие нели се надлежни за поплаки од корисници и сл. кога тамошниот оператор со лажна учтивност ми објасни дека морам да чекам 15 дена за одговор од мојот оператор, друго чаре засега немало. Дорбооо, штом е така по закон, ќе чекам си велам, ако ништо друго јас закони почитувам. И додека чекам, утринава во 11.00 оп стиже СМС. Кога видов, скоро и да ми се слоши. Видекс смс клубот од истиот фамозен број 14722, повторно ми праќа СМС, со слична содржина: Да сум симнал ринг тон и игра за мобилен, од некој дотичен хипер линк. WTF?! После некое време, се логирав да проверам на my-t-mobile, и имаше што да видам. Fucking Т-Mobile, не само што не го деактвирал фамозниот кулб, туку повторно ми тарифирале 100 денари! И, ајде пак одново… вртев во контакт ценарот, напнат разговор со операторката, па таа се правда дека не знаела ништо, дека ќе интервенирала од таму да ја стопираат услугата која никогаш не сум ја барал и сл. Се смилува таа, сепак, и ми даде фиксен број од Битола, од дотичнниот клуб, бидејки тоа сепак било услуга која не била нивна. I ги вртев јас нив денес над 10 пати, арно ама на фиксниот тел. број никој не се јави…
И, после 10 дена, пак сме на истото, јас не добив одговор зошто за СМС-и кои некој сам ми ги праќа без да ги барам, T-fucking Mobile, ме тарифира по 100 денари, односно од 1.јануари до сега ми наплатиле 1200 ден. без ДДВ. Кого лажат тие во Контакт центарот, дека услугата не е нивна, кога од таквиот тип на услуги, со бројот имател на линијата, тие имаат договор, од кој наплаќаат по 40%, односно, од моите 100 денари, барем 40 ден. земаат тие.
Како е возможно, некој да ти зема пари за услуги кои ниту ги бараш, ниту користиш, ниту пак си се претплатил да добиваш такви услуги и пораки?! Дали и како T-fucking Мобиле и дотичниот Видекс СМС провајдер ќе ми ги вратат (рефундираат) моите бесправно наплатени средства, како ќе ме обесштетат за данкот за ДДВ кој сум го платил на фактурите, зголемен за нивната украдена сума?! Кој и како ќе ме обесштети за претрпениот стрес, вознемирувањето и будењата рано наутро во викенд, кога доточниот факинг клуб ми праќаше пораки во викенд и на државни празници?! Дали и кој за ова ќе сноси одговорност во една од најпознатите европски бренд компании?! Дали ова не е касична злоупотреба на првата на потрошувачите и корисниците. До кога T-fucking Мобиле, заедно со некои нивни деловни пратнери грубо ќе крадат и злоупотребуваат корисници?!!
Пред некоја недела едне наш познат писател напиша колумна, во која меѓу другото се пожали за слични проблеми со истава мобилна компанија. Дур го читав се присетив на сите прјатели, знјани и незнајни кои ми кажуваа, а и читав за проблеми кои ги имаат со дотичниот оператор. И сега после сево ова, знам дека 100% сите биле во право, а на писателот за кој помислев дека го дрма машки климактериум,па затоа е таков, му должам извинување.
Драги T-Mobile, Видекс клубови и кој се’ не… ако помислите дека после одоговорот на мојот приговор ќе запрам, и ќе се помирам со што и да ми одговорите, се лажете! И покрај вашата финанскиска и општествена моќ, позиција на пазарот, блиски релации до владата и што се’ не, јавно ви порачувам дека оваа тавтаба од човек, овде нема да застане и нема да се откаже од своите права. Вие на мошне подол и криминален начин оштетивте и понатаму оштетувате ваш постојан-долгогодишен клиент, кој секогаш редовно ги плаќал високите фактури за услугите кои ги користел. Продолжете со вашиот лоповлук кон некои други, кои за вакви безправни работи и лоповлук ќе молчат и нема да ве тужат. Јас со задоволство ќе ве очекувам на првото судско рочиште!

Advertisements

ПАТРИОТИЗМОТ НА ПРЕРОДБЕНИКОТ

Доаѓа пролетта, но и понатаму некако се`е чудесно во мојата чудесна земја. Ама едно од најчудесните нешта е чудесниот патриотизам на преродбеникот. Некои го нарекуваат космополитизам, масовните подржувачи и спроведувачи го нарекуваат патриотизам, некои се трудат да му ја залепат етикетата национализам, или ултранационализам, а некои пак дури и го изедначуваат со фашизам.
Водејки се од познавањата на еден просечен граѓанин, а не сомневајќи се во сопствениот патриотизам, се обидувам низ една скромна аналитичка оценка да го дешифрирам патриотизмот на преродбеникот, преку споменатите атрибути и веднаш заклучувам дека навистина е чудесен.

Патриотизамот на преродбеникот, без никакви предрасуди, може да се нарече и космополитизам, и национализам, и ултранационализам, и шовинизам, и фашизам… но сепак, според моите вредносни критериуми, најмногу му приличи апсурден дилетантизам!
Космополитската димензија на преродбеникот, особено во последните пет години, можеme да ја сретнетме на секој чекор. Но, таа, како една од главните одредници на преродбеничкиот патриотизам, задолжително е присутна на масовните собири, каде што преродбеникот со гордост ги истакнува резултатите од преродбата во сто чекори, или на подобновената од минатото лето – надоградената и проширена.

Се прашувам, може ли да се стави забелешка на македонскиот космополитизам од „Историјата“ на Ристо Поповски која е присутна на секој чекор од преродената македонска метропола? Може ли да се оспори космополитската димензија на пречекот на кралот на браќата Хунзи од Пакистан, или на прославата „Илинден-2011“ на Мечкин камен, каде што потомците на древниот народ имаа прилика дирекно да ја слушнат пораката од Творецот на вселената, во која им укажува дека од нив потекнува белата раса? Има ли посилен блесок на космополитизмот од оној изразен во пораката на Творецот дека илјадници цареви и кралеви на светот му раздаваме, а за нас ниту еден не оставивме? (http://www.youtube.com/watch?v=LNFibcJIAN0). Треба ли да се потсетуваме на демонстрирањето на патриотизмот и на 8-ми септември, и да си припомнеме на свеченото пуштање на патриотскиот Воин на коњ?!
Национализмот насочен кон негирање на другите народи, во патриотизмот на преродбеникот, можеби и не е толку присутен, но неговата позитивна, творечка димензија во истакнување на културното и историско наследство, што неговиот народ му го подарил на Светот, е една од најзастапените теми на највисоките политички и културни институции на меѓународната заедница, особено во институциите каде што треба да го одбраниме нашето уставното ни име…
Ултранационалистичката димензија на преродбеничкиот патриотизам е повеке од очигледна: Македонскиот преродбенички патриотизам е ултранационален по природата на потеклото на Македонецот, кое е наднационално; Македонецот е директен потомок – Богот на вселената. За преродбеникот, тој бил господар на рајот и од него потекнуваат народите.

Димензијата на фашизмот на патриотизмот на преродбеникот, можеби е најмалку присутна, бидејки неговиот патриотизам не е насочен кон уништување на некоја друга нација освен кон уништување на сопствената, и тоа од аспект на диктатурата што ја спроведува. Со тоа, тој секојдневно неодоливо не потсеќа на најголемиот фашистички лидер, за кој некогаш знаел светот.
Ете, така, предводена од чудесниот преродбеник, мојата чудесна земја ѓи прави своите чудесни чекори, кон својата чудесна преродба.

Патот од првите сто чекори, што го изодевме кон удесната преродба, некако успавме да ги преживееме, и се уште некако живуркаме. Но, везден гледајќи како го чекориме патот кон проширена и дополнета преродба, се плашам дека крајот на преродбата ќе го дочекаме некаде длабоко во пеколот.
Моето убедување дека на патриотизмот на преродбеникот најмногу ќе му приличи одредницата апстрактен дилетантизам, ќе се обидам да објаснам во следната колумна.