Активизмот, Мартин и полициската бруталност две години подоцна

Практикувањето на активизмот во Македонија после протестите против полициската бруталност, доби нова димензија. За жал, она што тогаш ги донесе заспаните и инертни граѓани на улиците на Скопје, беше мошне трагичен настан – полицаец брутално претепа до смрт млад сограѓанин. Се чини дека на овие простори само огромна несреќа, вонсериски успех или огромни пари можат да ги изнесат луѓето на улица.
Тој шести јуни ќе остане запаметен како трагичен настан во кој државата не одговори на својата должност, а целото општество потфрли. Онакви какви што сме – разединети, раскарани и исполитизирани, ништо немаше да успее да ги соедни нашите грла тие јунски ноќи, доколку тоа не беше фактот дека е убиен млад човек, а некој тоа се обидува да го сокрие. Кога на таа гола вистина ќе го дададете и фактот дека немилиот настан е предизвикан поради тоа што некој славел победа од власта, тогаш агресивноста и револотот кај луѓето доживува кулминација. Оние што ниту тогаш, а уште помалку пак сега ги разбирам се тие кои прашуваат зошто протестирате?! Зарем убиството на некој од нашата генерација требаше да му го препуштиме на друг? Кој и кога ќе ја бие нашата бикта за нас, ако не ние самите?! После тие протести, во Македонија се случија низа активности во кои учествуваа иститите оние лица кои прв пат ги видов пред две години. Спонтаноста и храбротста на протестите против полициската бруталност, окуражи многу нови млади луѓе да се појават во разни други активистични настани и да гласно да кажат дека ние граѓаните сме важни и дека за нас се работи!
Граѓаните кои тогаш деноноќно учествуваа во протестите и практицираа активизам на дело, од оваа временска дистанца премногу добро знаат што тогаш таа мала група граѓани направи по однос на ова прашање. Успехот не е голем, но тој е постигнат – не дозволивме да биде прикриено убиство! И тога и сега, потенцираме дека дел од институциите на системот мораат да се променат и хуманизираат. Во јуни 2011 за прв пат во независна Македонија, илјадници млади тиесетина дена протестираа низ улиците и бараа одговорност од одговорните и политичарите. Што успавме да направиме знаат и оние кои тогаш ни се потсмеваа, не омаловажуваа и дискредитираа. А најдобро знаат што значеше нашата тогашна посветеност и активизам и оние кои тогаш беа до нас и со нас, но против нас! Токму тие кои не обвинувааа дека сме платеници, манипулатори и спроведуваме нечија агенда од НВО-то, а тие се оние правите „активисти“ слободоумните граѓани – авангардата на градот, денес се меѓу првите на списоците за донации и плати кај странските донатори на државава. Тогашните најголеми хејтери на граѓанските организации и фондации сега работат за истите тие организации, тинк-текнови и демек спроведуваат граѓански активизам. Но, за се треба време па и за нивното просветлување. Ние кои тогаш ова го знаевме, сега можеме само да се радуваме дека по две години и тие се просветлени и барем делумно го разбираат концептот на граѓанското општество. Трагично, но ако ништо повеќе, нека го разбираат барем за плата.
Гледајќи ги сега актуелните протести во Турција, против полицијата и тамошниот режим, можеме само да се надеваме дека некогаш и ние овде ќе можеме да бидеме токму она што пред две години небевме. Ние тогашните активисти можевме да бидеме генерацијата која ќе го направеше вистински пресврт во општествениот живот и граѓанското општество во Македонија.
Во оваа апатична земја, каде има најмногу факултети и универзитети, но најмалку едуцирани и прогресивни малди; во оваа земја каде сиромаштијата и безработицата уриваат рекорди, а Скопје е најсиромашниот град во југо-источна европа, идината на оние кои ќе останат да живат овде нема да биде во рацете на оние кои веќе си заминаа или ги спремаат куферите! Она кое што ни пречи треба да покажеме сега, недвосмислено и јасно. Денес веќе е доцна, а утре веќе ќе биде предоцна!

Advertisements