Протестирам-година потоа, а ко да беше вчера!

Никогаш не ми оди кога треба да напишам „наменски“ текст, особено кога во истиот сум директно инволвиран. Па така и овој пат.. 4-та среќа, 4-то пиши бирши и пак од почеток, нејсе!

Пред една година, се роди #протестирам. За жал, причината беше многу трагична, и како и тогаш, така и сега чуствувам неспокој и горчина при помислата што се случи таа кобна ноќ помеѓу 5-ти и 6-ти јуни! Но, таа ноќ, за едни радосна, за други трагична и болна, ќе се памети во колективната меморија како датум кој во поновата историја на оваа држава значи почеток на протести спонтано иницирани и организирани од младите на Македонија! За прв пат, на 6ти јуни на Македонија, пред се и се случија младите. Оние кои се родија и растеа кога се роди и осамостои Републикa Македонија. Знам дека многумина ќе ми забележат баш за она “младите“, но по година дена јас протестите против полициската бруталност ги доживувам првенствено како такви. Во нив учествуаа мнозинство на млади лица по возраст и дух, во нив учествуваа сите оние кои уште во првиот момент ја почуствуаа потребата да изразат револт, гнев, да побараат правда и одговори!

Во овој момент не чуствувам потреба да објаснувам што се’ се случуваше, многумина тоа го знаат, но имам потреба сите вас, знајни и незнајни да ве повикам на овој 06 јуни, на одбележувањето на првата годишнина од #protestiram; на една година од првите протести против полициската бруталност кои многумина се обидоа да ги присвојат но не успеаа во тоа! На 06 јуни ќе организираме протестен марш низ скопските улици! Ќе ги потсетиме сите надлежни дека можеа, а ништо не сторија! Ќе одадеме почит на сите жртви на полициската бруталност.

#протестирам не успеа да го издејствува она што суштински го бараше. Ако сме искрени тоа треба да го признаеме сите. Но, успеавме да им покажеме на сите оние кои не веруваат во активизмот, департизмот,на оние за инстантна употреба, на папазјанијата од власт и опозиција… успеавме да им покажеме на многумина, но и на самите себе дека можеме да направиме многу. И тоа почна да се случува од минатиот јуни!

Затоа, на 06.06. во 6 (18:00), ќе се собереме повторно на нашето старо, добро познато место – кај спомен домот на Мајка Тереза, и овој пат многу помасовно, по директно и поглсано ќе порачаме дека:

Барањата на движењето против полициската бруталност не се исполнети! Ние и понатаму сме овде! Ќе бидеме и понатаму и редовно ќе ве потсетуваме на се! Го следиме и ќе го следиме секој ваш чекор! Ние сме граѓаните и сакаме да живееме во држава и општество каде сите ќе се чуствуваат заштитени од полицијата, која ја плаќаат да ги штити!
Ќе ве потсетиме на се што сторивте во изминатава година, ќе ве потсетиме на сите 11 барања од минатиот јуни! Ќе протесираме по скопските улици и уште еднаш ќе го изразиме нашиот револт, незадоволство од начинот на кој власта се однесува со совоите граѓани. Ќе протестираме против сите оние кои изминатата година беа дрски, не игнорираа и игнорираат, против сите оние кои не направија ништо за сите ние да живееме подобро и посигурно!

Протестниот марш ќе започне во 18:00 часот од платото на спомен домот на Мајка Тереза на ул. Македонија.
Поворката од граѓани ќе ги „посети“ сите надлежни институции во оваа држава задолжени за решавање на горливиот проблем со полициската бруталност: Собранието на РМ, Министерството за внатрешни работи, Владата на РМ, и ќе заврши на градскиот плоштад.

По завршувањето на протестниот марш, ќе следува уште еден протестен настан, кој ќе биде најавен дополнително!

Шести јуни 2011 се случи, скоро, пред една година, а ко да беше вчера! Протестирам продолжува – стоп за полициската бруталност!

Advertisements

За блогот

После незнам колку неуспешни покушаји решив да напраам блог на Македонски и тоа со ново име. Разлогот лежи у тоа што поише луѓе ми рекоа дека демек боље ќе ме контале што сакам да кажам ако пишуем на преку ваков медиум. Не дека не ме контаа и претходно, али ете нека им биде.

Не дека не можев и поинаку, али ајде нека биде вака 🙂

Бедејки оној Њујоршкиот одамна го деактивирав, чат-пат може у ретро стил ќе објавам нешто и за „она време од Њујорк, Вашингтон, и Америката“ а до тогаш, писанија, по некоја колумна и ознани за сегашната преокупација – Скопје, протестите овдешниот ни живот.